Италија ги отвори картите: Избрани 12 кошаркари кои ќе играат на Евробаскетот

129

Селекторот на италијанската кошаркарска репрезентација, Џанмарко Поцеко го објави конечниот список на кошаркари со кои ќе оди на Европското првенство.

Последен играч кој го загуби местото во репрезентацијата беше центарот на Венеција, Амедео Теситори.

Во финалните 12 за настап на Евробаскетот 2022 се најдоа:

Марко Спису (Венеција), Нико Манион (Виртус), Пол Билига (Милан), Стефано Тонут (Милан), Данило Галинари (Бостон), Николо Мели (Милан), Симоне Фонтекио (Јута), Џампаоло Ричи (Милан), Томазо Балдасо (Милан), Ахил Полонара (Анадолу Ефес), Алесандро Пајола (Виртус), Луиџи Датоме („Милан“).

Европското првенство ќе се одржи од 1 до 18 септември во Германија, Италија, Чешка и Грузија.

ПретходноУЕФА го одреди распоредот за ЛШ: Елмас тргнува против Ливерпул, ПСЖ го чека Јувентус
СледноПочнува одбојкарското ЕП во Скопје: Немаме искуство, но имаме самодоверба