Кадетките со пораз од Луксембург се одјавија од Подгорица

84

Македонската женска кадетска репрезентација со пораз го заврши Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Подгорица. На последната средба нашите кошаркарки беа совладани од Луксембург со 59-51. Македонија овој шампионат го заврши на претпоследното место, со само една победа против Црна Гора и пет порази.

Противникот ги доби првите три четвртини, од кои во воведните десет минути беше подобар со 22-15. Во последниот период, Македонија беше подобра со 9-12, но тоа не беше доволно за пресврт.

Зара Стојковска со 20 поени беше прв стрелец кај „црвено-жолтите“, зад неа беше Николиќ со 12 поени и 8 скока.

ПретходноКошаркар на Минесота уапсен: Возел со нерегистрирано возило во кое имало пиштоли и канабис
СледноДеби на Е.Пелистер 2 на европска сцена: Нема што да изгубиме, ова е подарок за минатата сезона!