Клоп: Сами сме против целиот свет

268

Екипата на Лиерпул лошо го започна овогодинешниот шампионат. Има проблеми на резултатски план и токму затоа пред денешниот меч против тимот на Борнмут кој се игра од 16.00 часот во клубот бил одржан итен состанок, и тоа на иницијатива на менаџерот Јирген Клоп.

„Многу товар се симна од мојот грб по тој состанок. Не им викав на играчите, немаше повишени тонови. Само сакав да им кажам што правиме лошо, а што добро. Живееме во свет во кој секој наш потег се анализира и коментира, а за нас е важно да мислиме на себе. Јасно е што мора да направиме и каде да се поправиме но тоа не можам да го изнесам во јавност. Сами сме против целиот свет„ – рече Клоп па додаде.

„Знам дека пред стартот на сезоната реков дека не ни се потребни нови играчи, но тоа во меѓувреме се промени. Ете, признавам дека не сум бил во право, а сте биле вие. Нема да купуваме играч само за да кажеме дека сме купиле некого, туку ќе го доведеме оној кој  навистина ние потребен“ – додаде Клоп.

ПретходноДаниел Миловановиќ на позајмица во Тиквеш
СледноКристијан Тељо ќе игра во САД