СЕХА-лига одново е на програмата. После долга пауза поради руската инвазија врз Украина, раководството на регионалното натпреварување донесе одлука да се доигра сезоната во скратен систем, поточно ги одреди четвртфиналните двојки.
На Ф4 во Задар ќе го гледаме Е.Пелистер, а таму дојде благодарение на својот голман, Лесјак кој одбрани седмерец за радост во Битола. Токму тој ја има најдобрата одбрана во четвртфиналето.
Во Топ 5 листата на СЕХА се најдоа и Талески и Сери. Македонскиот репрезентативец го има вториот најдобар гол, додека пак ракометарот на Пелистер е на третото место.