Во битката за да се донесе уште некое засилување и да се врати тимот во листата на конкуренти за врвот во Премиерлигата, Манчестер Ј. брза да го договори трансферот на Ентони од екипата на Ајакс. Сепак, Холанѓаните не попуштаат пред досегашните високи понуди на „црвените ѓаволи“ и остануваат на својата желба – 100 милиони евра или ништо од бизнисот!
Последната понуда која стигна во канцеларијата на Ајакс од Манчестер била тешка 90 милиони евра. Сепак, првите луѓе на Ајакс ги информирале заинтересираните дека тоа не е цената која ја бараат за Ентони. Ако Манчестер Ј. навистина сака да го види Бразилецот во својот тим, тогаш ќе мора да избори уште 10 милиони или трансфер нема да има, пренесува Скај Спортс.