Неверојатно: Ливерпул “броеше“ до девет, хет-трик на Халанд за магичен пресврт на Сити! (ВИДЕО)

208

Супер интересни мечеви попладнево во рамките на 4.коло во Премиерлигата. На „Енфилд“ вистинска голеада, Ливерпул му се истури на Борнмут и го победи со неверојатни 9:0.

Покажа дека полека излегува од кризата. Стрелци на головите беа Диаз двапати, Фирмињо двапати, Ван Дајк, Елиот, Карваљо, Александер -Арнолд и автогол на Мефам.

Халанд – Кристал Палас 3:2, односно Сити – Палас 4:2, како . Блескав настап на Ерлинг Халанд зачинет со хет – трик, прв во Премиерлигата во дресот на “граѓаните“.

Треба да се каже дека гостите водеа по првиот дел со 0:2. Но во второто полувреме прво Силва намали на 1:2, за да потоа Халанд со три гола ги постави конечните 4:2.

Брентфорд и Евертон одиграа 1:1, Брајтон со 1:0 го победи Лидс, а Челси со 2:1 триумфираше над Лестер.

Стрелец на двата гола беше Стерлинг, додека за гостите голот го постигна Барнс.

ПретходноВМФЛ: Вардар победи, триумфи на Гостивар и Арсими, Детонит убедлив со Тетекс …
СледноМакедонецот Бојан РАСТУРА… (ФОТОГАЛЕРИЈА)