Екс-селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски е нов тренер на хрватскиот прволигаш Горица. Како што потврдија од клубот соработката е официјализирана.
„Морам да му се заблагодарам на претседателот Чрнек за одлуката да ја преземам Горица, се договоривме многу брзо и среќен сум поради моето доаѓање. Ги следам сите натпревари во хрватската лига уште од времето кога бев селектор на Македонија, бидејќи многу играчи играа во хрватските клубови и затоа можам да кажам дека многу добро ги познавам состојбите во ХНЛ. Нема да давам изјави, мојот начин на работа е да одам полека. Во моментов најважно ни е гостувањето во сабота, мора добро да се подготвиме и да одиме на тој натпревар за да оствариме позитивен резултат“, изјавил Ангеловски по промоцијата.
Ангеловски и Горица се договорија за соработка до 2024 година. Горица по првите 6 кола во хрватскиот шампионат е претпоследна со само една остварена победа.