Тажна вест за симпатизерите на Партизан. Во 84 година од животот почина легендарниот чувар на мрежата на Партизан Милутин Шошкиќ. Тој ќе остане запаметен како најдобриот кој застанал меѓу стативите на „Парниот валјак“. За Партизан дебитирал во 1955 година и останал преку една деценија во црно-црниот табор. Одиграл 177 натпревари за Партизан, беше дел од генерацијата која играла финале на Купот на шампионите во 1966 година против Реал Мадрид на стадионот Хејсел во кој црно-белите загубиле со 1:2.
Шошкиќ играл и за Келн каде што ја завршил кариерата. Одиграл и 50 натпревари за репрезентацијта на Југославија со која освоил златен медал на ОИ во Рим 1966 година. Работел и како тренер на ОФК Белград, Кикинда, а 11 години бил помошник во Партизан, па работел како тренер на голманите во САД.