Почнува одбојкарското ЕП во Скопје: Немаме искуство, но имаме самодоверба

172

Македонската одбојкарска репрезентација до 19 години вечерва и официјално го започнува настапот на Европското првенство кое се одржува во Скопје до 4 септември.

Нашите млади одбојкарки мотивирано и посветено, ги одработија подготовките и подготвителните средби, па најавија дека ќе дадат се од себе за што подобро преставување во конкуреција на 12-те најдобри европски репрезентации во оваа возрана категорија.

„Нашата репрезентација за првпат настапува на едно големо натпреварување. Немаме искуство од играње на големи натпреварување. Имаме самодоверба. Мислам дека девојките ќе дадат се од себе и ќе го дадат својот максимум да се прикажат во што подобро светло“, вели селекторот на нашата јуниорска репрезентација, Стефан Пауновиќ.

Македонија вечерва (20.30 ч.) стартува во групата „1“ против селекцијата на Финска, а во групната фаза која ние ја играме во „Борис Трајковски“ се среќаваме и со селекциите на Италија, Словенија, Полска и Грција.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО У19 – СКОПЈЕ

1 КОЛО – ГРУПА „1“

15.30 Италија – Словенија

18.00 Полска – Грција

20.30 Финска – Македонија

ПретходноИталија ги отвори картите: Избрани 12 кошаркари кои ќе играат на Евробаскетот
СледноОФИЦИЈАЛНО: Игор Ангеловски е нов тренер на хрватска Горица