Московски Спартак донесе поранешен играч на Барселона, а потоа се пошегува на сметка на каталонскиот гигант на социјалните мрежи. Секако не поради самиот трансфер, туку поради финансиската состојба во која се наоѓа тимот.
Покрај фотографијата на Кеита Балде напишаа: „Го регистриравме играчот без проблем. Барселона да не сте љубоморни?
Registered a new signing without any problems…
Jealous, @FCBarcelona? 🤭 pic.twitter.com/dKxRZvH1gQ
— FC Spartak Moscow (@fcsm_eng) August 26, 2022
Сето ова се однесува на проблемите на Барселона со регистрацијата на Жил Кунде, кого го доведоа од Севиља за 50 милиони евра. Раководството на клубот успеа да ја заврши работата со сите нови играчи, само Кунде остана да виси.
Не е првпат Спартак да ја трола Барселона на почетокот на оваа година на социјалните мрежи објави интересен статус.
Us when Barcelona wants to buy Moses using imaginary money with payments structured till 2438: pic.twitter.com/26p6lH5vp4
— FC Spartak Moscow (@fcsm_eng) July 16, 2022