Суперкомпјутерот вели дека има само еден вистински фаворит за освојување на Лигата на шампиони!

484

Главeн фаворит за освојување на Лигата на шампионите во новата сезона е германскиот шампион Баерн (М). Ова предвидување го направи суперкомпјутерот FiveThirtyEight.

Суперкомпјутерот ја проценил веројатноста германскиот клуб да триумфира со 21%. Првите три кандидати за освојување на оваа Лига на шампиони се Манчестер Сити (18%) и Пари Сен Жермен (14%).

Во ТОП 5 листата на фаворити влегоа и англискиот вицепрвак Ливерпул и актуелниот европски шампион Реал (М).

Баерн ќе игра во групата „Ц“ од Лигата на шампионите со Барселона, Интер и Викторија Плзен. Групната фаза на ЛШ започнува на 6 септември.

ПретходноХарден ја фрли роденденската торта во море (ВИДЕО)
СледноУЕФА го одреди распоредот за ЛШ: Елмас тргнува против Ливерпул, ПСЖ го чека Јувентус