Mакедонските одбојкарки убедливо поразени во 1.коло на младинското ЕП

108

Македонската одбојкарска репрезентација до 19 години вечерва и официјално го започна настапот на Европското првенство кое се одржува во Скопје до 4 септември. Нашите млади одбојкарки доживеаја убедлив пораз од Финска со 3:0 во првиот меч од групната фаза што се игра во салата „Борис Трајковски“. По сетови резултатот гласеше 25:10, 25:19 и 25:20. Како што кажа нашиот слектор Стефан Пауновиќ, нашата репрезентација првпат настапува на едно големо натпреварување и девојките ќе дадат се од себе за да се покажат во добро светло. Очигледно ова е максимумот.
Следниот меч го играме во недела против Словенија, а во понеделник ќе се соочиме со Грција. На 31 август ќе играме со Италија и на 1 септември во последното коло против Полска.

ПретходноАталанта го купи „новиот Халанд“
СледноМанчестер Ј. понуди 90 милиони за Ентони, Ајакс „студено“ ги откачи: Дајте 100 милиони евра!