Вардар прв пат дома, Гостивар ја пречекува Саса

488

 

Денеска од 16:00 часот се игра второто коло од новиот ВМФЛ шампионат. Откако во првото немаше некои поголеми изненадувања и фаворитите обезбедија стартни победи, овојпат ќе видиме дали ќе се случи истото, и дали Вардар, Гостивар, Пелистер, и натаму ќе бидат на исто рамниште на табелата.

Токму Вардар за прв пат сезонава ќе игра на домашен терен откако пред една недела во Чегране победи со 0:1 над Аресими. Ќе мора овојпат да одигра без стрелецот Дарио Десниќ кој на тој дуел беше исклучен. Противникот е тимот на Охрид.

Гостивар од друга страна својот домашен меч ќе го игра во Голема Речица, а противник е тимот на Каменица Саса. Гостиварци во првото коло прописно се намачија со тимот на Пехчево во Скопје кога одиграа 3:2, и ќе мора овојпат со оглед на улогата на фаворит на секој дуел да го подигнат нивото на игра на повисоко ниво.

Пелистер пак има задача во Битола да освои нови три бода против тимот на Беса.

 

2.коло ВМФЛ шампионат.

Почеток: 16:00

Пелистер – Беса

Гостивар – Каменица Саса

Воска спорт – Пехчево

Слога – Караорман

Беласица – Борец

Тетекс – Детонит

Вардар – Охрид Лихнидос

Кожуф – Аресими

 

 

ПретходноКристијан Тељо ќе игра во САД
СледноСилекс оди на четири од три против Академија Пандев