Е.Пелистер 2 со негатива од три гола се враќа од Австрија!

135

Е.Пелистер со негатива од три гола (24-21) се враќа од гостувањето кај Алпла во рамките на првиот квалификациски дуел во рамките на Европската лига. Ова беше прв европски предизвик за избраниците на Александар Јовиќ, па подобар резултат можат да се надеваат на реваншот во Битола за седум дена.

Битолскиот клуб одигра добар меч, беше рамноправен противник во текот на целиот меч, со оглед на тоа дека пред себе имаше квалитетен тим. Е.Пелистер 2 поведе само еднаш на натпреварот (0-1), домашниот тим со серија од 3-0 дојде на плус три (6-3), најголемата позитива во овој дел беше четири гола (11-7). На одморот, резултатот беше 13-11.

На стартот на вториот дел Е.Пелистер дојде на минис еден 13-12, при поаследните 16-15, Алпла дојде на плус три, позитива која беше доволна за мирен финиш. Пред почетокот на 55. минута, битолскиот состав ја загуби силата, па противникот набрзина „набилда“ водство од пет гола (24-19).  Блажевски и Талевски ја прекинаа кризата во своите редови, намалија на 24-21, резултат кој ветува.

Петровиќ и Арсеновски со по пет гола беа први стрелци, по три имаа Димитровски и Ивановски.

ПретходноЈончевски направи една измена во составот за дуелот со Словачка!
СледноАрсенал со нова победа: сега има четири од четири