Јувентус и Рома одиграа 1:1 во едно од двете дербија на 3.коло во Серија А (во петокот беше првото меѓу Лацио и Интер). „Старата дама“ дојде во водство со прекрасниот погодок на Душан Влаховиќ. Српскиот напаѓач во 3. минута ја погоди мрежата на противникот од слободен удар од голема далечина.
Во второто полувреме „волчицата“ успеа да изедначи и да спаси бод. Стрелец беше Тами Абрахам на асистенција на довчерашниот фудбалер на Јуве Паоло Дибала.
Во финишот за Јувентус заигра и новото засилување Арек Милик но домашниот тим мораше да се задоволи со бод.
Јувентус има скор од една победа и две ремија, а Рома има две победи и едно реми.
А Кремонезе загуби дома од Торино со 1:2. Гостите водеа со 0:2 со автоголот на Бјанчети и погодокот на Радоњиќ, а на десет минути пред крајот намали Серникола.
Vlahovic qui se transforme en Zlatan avant de nous rencontrer pic.twitter.com/n4w1j9nFi6
— A (@Amaurinho7ii) August 27, 2022