Балотели и Монтела за малку ќе се степаа на натпревар (видео)

869

Во 4.коло од турската Супер лига Адана Демирспор го победи новакот во лигата Умрениеспор со 1:0. Мечот го одбележаа „искри“ помеѓу тренерот на Адана Винченцо Монтела и напаѓачот Марио Балотели.
По натпреварот Монтела им честиташе на фудбалерите за настапот, а потоа со Балотели имаа разговор на висок тон. Италијанскиот тренер беше премногу нервозен, а Марио му пререче нешто зад грб. Винченцо се заврте и за малку ќе го удреше својот фудбалер. За среќа во близина беа соиграчите и спречија инцидент.

На прес конференцијата Монтела ја смири топката:

„Имаме големи очекувања од Балотели. Тоа е тоа. Тоа и му го кажав по мечот. За жал некогаш адреналинот е на толку високо ниво што доаѓа до вакви сцени. Инцидентот е завршен, продолжуваме понатаму“.

ПретходноАјдин: Ја претставуваме Македонија, а на државниот стадион плаќаме преголема рента
СледноВедран Ќосевски – голманот на Струга ТЛ: И против Шкендија посакуваме продолжување на серијата!