Бобан Николов е прв пик на Мрме за Горица!

1339

Македонскиот репрезентативец, Бобан Николов на крајот на минатата сезона си замина од молдавскиот тим на Шериф Тираспол и се уште нема нов ангажман.

Нема да биде ништо чудно доколку го облече дресот на Горица, каде вчера на клупата беше промовиран екс-селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски. А дека веќе нешто се „крчка“ најави капитенот, Стефан Ристовски. Тој објави заедничка слика со Мрме и Адеми и му порача на Николов дека го чекаат.

Николов во Шериф дојде по кратката авантура со Лече, претходно настапуваше за Фехевар, Вардар и Виторул.

ПретходноКошаркарите до 16 години со пораз го завршија настапот на „Словениа Бол“
СледноНа ППД Загреб не му беше доволен одличниот Дибиров!