Захариевски: Голема работа е да се победи Шкендија, сепак не летаме во облаци!

651

Струга ТЛ попладнево во Струмица успеа со 0:2 како гостин да ја победи Шкендија. Уште една маестрална игра на тимот од Струга, уште еднаш се покажа тренерска умешност на стратегот Срѓан Захариевски.

Убава победа, голема победа, заслужена победа, секако дека треба да се радуваме. Видете, не е мала работа да се победи Шкендија, тим според играшкиот кадар можеби најдобар во Македонија. Сепак ние одигравме како што треба, како што се подготвувавме и јас искрено им честитам на нашите играчи. Секако не е време за еуфорија, не смееме да летаме во облаци. Минаа само четири меча. Да, годи тоа што победуваме, но одиме од натпревар во натпревар. Сега треба да се свртиме кон мечот со Силекс кој се игра веќе во среда“ изјави за “Спортмедиа“ стратегот на најдобриот тим во моментов во нашата елитна лига.

ПретходноШкупи на мускули, бледо, тенко…!(ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЉупчо Марковски – Калц: Работнички денеска покажа како треба!