Тешка болест го уништува познатиот напаѓач, Халер е непрепознатлив!

2310

Себастиеан Холер летово го комплетираше трансферот во Борусија Дортмунд по одличната сезона во Ајакс, но неговиот сон беше прекинат на најлош можен начин.

Пред неколку недели Холер мораше да оди на лекарски прегледи откако не се чувствуваше баш добро за време на подготовките, а сите беа шокирани кога му беше дијагностициран рак на тестисите.

Дортмунд и фудбалската јавност му дадоа неверојатна поддршка на 28-годишниот напаѓач, но набрзо потоа дојде уште полоша вест.

При дополнителни прегледи е утврдено дека Холер има малигнен тумор на тестисите и дека мора да оди на хемотерапија и дека третманите мора да почнат што е можно поскоро за да се запре ширењето на овој тумор.

Тој веќе почнал со хемотерапија и сите се надеваат дека напаѓачот на Дортмунд на крајот ќе ја победи оваа болест.

Најважно е што лекарите се прилично оптимисти бидејќи туморот е откриен во рана фаза, а од клубот потврдија дека Холер има добри шанси за опоравување. Рано е да се размислува за негово евентуално враќање на терените и сега најважно е да се опорави.

Исто така, фудбалската јавност утрово остана во шок кога се појави првата фотографија од Холер откако почнал со хемотерапија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SPORTbible (@sportbible)

ПретходноМилан со изненадувачко засилување
СледноЕкс-напаѓач на ПСЖ ја засилува Црвена Звезда