Струмичкиот прволигаш Академија Пандев има нов фудбалер. Нов член е аргентинскиот централен бек Федерико Акоста. Се работи за фудбалер висок 1,85 метри кој кариерата ја почнал во пониските лиги на Аргентина, играл и во Гибралтар за тимот на Бока Гибралтар, а изминатите две сезони играл за италијански екипи од пониските лиги, со тоа што последен клуб му бил Бавено.