Ајдин: Ја претставуваме Македонија, а на државниот стадион плаќаме преголема рента

2774

По завршените европски обврски, македонскиот шампион Шкупи се враќа на домашната сцена каде целта е одбрана на титулата. Нашиот првак го помина првото квалификациско коло во ЛШ, но не и второто кога изгуби од Динамо Загреб, потоа беше елиминиран и од ЛЕ по поразите од Шамрок Роверс и на крајот не успеа да стигне до групите на ЛК по поразите од Балкани.
По завршување на настапите во Европа, претседателот на клубот Огун Ајдин потенцираше дека клубовите во Македонија се оставени сами на себе, немаат никаков профит, плаќаат се и сешто, а државата за секој меч во Европа им бара превисока рента.

Ги завршивме настапите во Европа. Да се биде сам на секое поле не треба да биде надеж на Шкупи. Но, веруваме дека дел од патот кој го одевме сами, беше успешен. Ама во големи општества, големите работи се остваруваат за уште поголеми причини. Развојот на домашниот фудбал е феномен кој може да се оствари само со соработка од државата, лидерите на клубовите од регионот, големината на општествата, навивачите и клупските лидери. На пример, ние играме во Европа и ја претставуваме Македонија, ама плаќаме рента за стадионот каде ги играме натпреварите. А, таа расте од меч во меч.

Најголемиот проблем во Македонија е дека клубовите немаат приливи на пари. Неприфатливо е клуб кој ја претставува земјата, да дава се од свој џеб, кога нема никаков прилив. Како втор пример, сакаме да изградиме објект за тимот. Овој објект е за тренинг, каде младите ќе тренираат. Тие се иднината на фудбалот. Ние не бараме помош за изградбата, туку бараме помош за земјиштето. Но, за жал, никој не ни помага. Секако дека не можеме да кажеме дека ова е пролемот зошто не влеговме во групите на Конференциската лига, тоа беше поради наши индивидуални грешки.

Се надевам дека ќе се квалификуваме таму во следните години. Ама, ако влеземе и во групи, немаме место за тренинг! Немаме инфрастуктура. А, сакаме да го движиме фудбалот напред. И не сметам дека овој проблем е само на Шкупи, туку не сакаме тоа да биде нашата судбина. Бараме од луѓето во државата да го поддржат цел фудбал, не само нас. Ајде да веруваме во промени на добро. На крај, сакам да им се заблагодарам на „Шверцерите“ затоа што не не оставија сами на ова патување“, истакна претседателот на ФК Шкупи.

ПретходноЕтеми прецизен како снајпер – спектакуларен гол на репрезентативецот (видео)
СледноБалотели и Монтела за малку ќе се степаа на натпревар (видео)