Вест Хем со три бода кај Астон Вила, Њукасл се спаси во 90.минута! (ВИДЕО)

75

Попладнево се одиграа два меча од 4.коло во Премиерлигата. Вест Хем како гостин успеа да ја победи Астон Вила со 0:1 и тоа со голот на Форналс во 74.минута. Ова беше прва победа на “чеканите“ во новата сезона и први бодови.

На вториот меч Вулфси и Њукасл играа 1:1. Домашните имаа водство од 1:0, со голот на Невес се до 90.минута, а тогаш на сцена стапи Сент – Максимин и со гол успеа да ја спаси својата екипа од пораз, поставувајќи ги конечните 1:1.

ПретходноФантастичен успех: РК Алкалоид е победник на турнирот во Нант!
СледноПМФЛ: Струга ТЛ ја “тресна“ и Шкендија, и Работнички победи, славје во Штип, шампионот со три бода!