Српскиот шампион Црвена Звезда наскоро ќе добие големо засилување во нападот. Калифа Кулибали би требало да стане нов фудбалер на „црвено-црните“ и ќе треба да го замени Милан Павков кој го напушти клубот во насока на Саудиска Арабија.
Кулибали е репрезентативец на Мали, а кариерата ја почнал во локалниот Реал Бамако каде што го забележале скаути на Пари Сен Жермен. Поминал три сезони во ПСЖ но не успеал да се наметне, па кариерата ја продолжил во Шарлроа од Белгија, потоа играл во Гент каде брилјирал со 25 голови и 10 асистенции на 85 натпревари.
Следува кам-бек во Лига 1 и тоа во дресот на Нант, а по завршувањето на оваа сезона двете страни се договорија да не го продолжат договорот и така напаѓачот е слободен фудбалер.