Поранешниот шпански репрезентативец Андер Ерера повторно ќе игра за Атлетик Билбао. 33-годишниот фудбалер се врати на „Сан Мамеш“ како позајмен од Пари Сен Жермен, а според договорот баскискиот клуб може да го откупи по завршување на сезоната.
Ерера е роден во Билбао и настапувал за младинскиот и сениорскиот тим на Атлетик. Сепак, дебитирал во Ла Лига во 2008 година и тоа во дресот на Сарагоса, но во 2011 година Атлетик го враќа назад и тој одигра 128 натпревари. Потоа потпишува за Манчестер Јунајтед, а во 2019 година преминува во ПСЖ.