Брегалница – Македонија ЃП е меч кој предизвикува големо внимание во Штип, во фудбалски Штип. Овој натпревар се игра попладнево под Исарот со почеток од 16 часот. И двете екипи имаат квалитет, и двете екипи имаат големи амбиции сезонава, посебно Брегалница која пред неколку дена се засили и со Херера, одличниот лев бек.
Интересно, на страгегот на Брегалница Илчо Ѓорѓоски ова ќе му биде трет дуел протов “својата“ Македонија ЃП, прв во Штип,и ја посакува првата победа.Минатата пролетна сезона двапати гостуваше во “своето“ Ѓорче и еднаш беше поразен а еднаш освои бод.
Време е за победа, барем така веројатно размислува Ѓорѓиоски, кој пред 13 години како тренер и ја донесе засега единствената титула на Македонија ЃП.
На овој меч “сините“ нема да можат да сметаат на капитенот Даниел Мојсов кој минатата недела се “прослави“ во своето Кавадарци, па затоа и доби црвен картон и сега ќе мора да паузира.