Младите одбојкарки и вторпат поразени на ЕП во Скопје

62

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години го претрпе и вториот пораз на Европското првенство во Скопје. По стартниот пораз од 3:0 против Финска, вечерва нашите надежи со максимален резултат загубија и од Словенија (25-13, 25-20, 25-14).

Разликата во квалитетот беше очигледна во најголемиот дел од мечот. Нашите девојки и од овој натпревар треба да извлечат искуство за преостанатите средби на турнирот. Денеска најдобра во нашиот табор беше Бошковска која реализираше 9 поени.

ПретходноСенегалецот Фаустин од Шкупи направи трансфер во Гиресунспор
СледноПобеда, реми и пораз за Алкалоид на турнирот во Белград