Уф, како ли играа оваа Струга ТЛ. Четврта победа во четвртиот меч сезонава. Попладнево четата на стратегот Срѓан Захариевски, иако драстично ослабена, успеа како гостин да ја победи Шкендија со 0:2. Да, овој меч се играше во Струмица, но Шкендија беше домаќин.
Со головите на Малески во 50. и Бесарт Ибраими во 70, Струга ТЛ остана максимална и сега со 12 бодови останува лидер на табелата во ПМФЛ.
Да споменеме дека Бесарт Ибраими кога го постигна голот не се радуваше од респект кон својот поранешен клуб, а работата на победникот ја олесни Клисман Цаке кој во 45.минута крвнички го фаулираше Малески по што доби директен црвен картон.
Конечно победа и за Работнички. Конечно момците од Градски парк одиграа како што доликува и успеаја со 2:0 да го победат Тиквеш за први бодови во новата сезона. Рушевиќ и Гандо беа стрелците за победничкиот тим.
Шкупи на Автокоманда ја донби скоспката пресметка против Скопје и тоа со головите на Хамиди на почетокот од мечот и Данфа на крајот. Шкупи останува максимален.
Во Штип славје за “сините“. Интересен меч, можеби не толку квалитетен, но сепак со голот од пенал на Алтипармаковски успеа да победи со 1:0 и да освои големи три бода.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 4.КОЛО
Шкендија – Струга ТЛ 0:2
(/Малески 50., Ибраими 70.)
Работнички – Тиквеш 2:0
(Рушевиќ 20., Гандо 45./)
Брегалница – Македонија ЃП 1:0
(Алтипармаковски (п) 55./)
Скопје – Шкупи 0:2
(/Хамиди 2., Данфа 90.)
ВЧЕРА:
Силекс – А. Пандев 1:1
Победа (слободна)