Полувреме: Работнички убедлив, Шкендија остана со играч помалку, шампионот води, мирно е во Штип!

561

Завршија првите полувремиња од четирите натпревари од 4.коло во ПМФЛ. Конечно Работнички полна да наликува на себе, па така на пауза замина со водство од 2:0 против Тиквеш. Рушевиќ и дебитантот Гандо Биала беа стрелци.

Во Струмица во дербито Шкендија и Струга ТЛ играат 0:0, сепак треба да се каже дека тетовци во последните секунди од првиот дел останаа со играч помалку откако Цаке, инаку некогашен член на стружани, по стартот врз Малески доби директен црвен картон.

Шкупи со голот на Хамиди уште во 2.минута има водство на Автокоманда, додека во Штип е мирно на мечот меѓу Брегалница и Македонија ЃП. Најголемата шанса ја имаа гостите преку Скендери но Шчекич одбрани.

ПретходноКаков ден во Талин, две сениорски злата на Г2 турнир!
СледноФантастичен успех: РК Алкалоид е победник на турнирот во Нант!