Македонската кошаркарска репрезентација денеска ќе има шанса да влезе во победнички ритам, нешто што одамна немаме видено во изминатите месеци. По стартниот триумф против Данска на гости, денеска „црвено-жолтите“ играат против Словачка во „Кале“.
Во редовите на нашиот национален тим владее позитивна атмосфера, самодовербата е вратена.
„Не очекувам ништо друго освен триумф против Словачка. Се работи за ривал со кој игравме во минатиот циклус, првиот меч бевме подобри, а во вториот нè победија, но ние бевме веќе пласирани во следната фаза. На повеќето од играчите ривалот ни е познат. Мислам дека порати тоа ќе ни биде полесно, за договорите како да напаѓаме и да се браниме. Се надевам на добар исход“, изјави Дамјан Робев.
Мечот меѓу Македонија и Словачка е закажан со почеток во 19 часот, влезот за оваа средба е слободен.