Кошаркарската репрезентација на Србија по вистинска драма ја совлада Турција во Истанбул со 79:72 во осмото коло од квалификациите за Светското првенство и ги зголеми шансите за пласман на Мундобаскетот.Србите имаа извонредно прво полувреме во кое направија разлика од +19 поени, но Турција се врати во мечот комплетно, па во послендите три минути дојде и до израмнување. Сепак, Србија имаше повеќе нерви во играта во одбрана и на крајот ја потврди третата победа во групата со која се израмни со Белгија која е на 3. место. Грција и Летонија остануваат лидери со по 4 победи.
Јокиќ ја предводеше Србија со 24 поени, додека кај Турција Чеди Осман постигна 22.
Кошаркарската репрезентација на Германија убедливо ја совлада селекцијата на Словенија во „ Минхен со резултат 90:71 и им нанесе тежок пораз на Словенците предводени од првата ѕвезда, Лука Дончиќ.
Ова беше седмата победа за Германија во групата и речиси сигурно обезбедија пласман на Светското првенство, додека Словенците си го отежнаа животот бидејќи сега се на скор 5 победи и 3 порази.
Германија со НБА ѕвездата Денис Шрудер покажа дека е сосема поинаква репрезентација. Тој го водеше натпреварот и на крајот беше најефективниот играч на тимот со 17 поени и дури 10 асистенции, на кои додаде и три скока.
Сериозен придонес имаше и Франц Вагнер со 16 поени и седум скока.
Во словенечкиот тим повторно најдобар беше Лука Дончиќ, но беше запрен на „само“ 23 поени, шест скока и пет асистенции.