Марко Пејчиновски на дело потврди зошто го носи епитетот супер-херој. Тој пред малку пристигна на градското пристаниште во Охрид и успешно ја заврши делницата од 64 километри на празникот Успение на Пресвета Богородица.
Марко беше пречекан од голем број на љубители на овој спорт, но и поддржувачи на неговиот голем подвиг Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид. Со оваа делница тој ги комплетира 10 препливувања во едно лето во вкупна должина од 250 километри, што пак е историски подвиг.