Фантастичен успех: РК Алкалоид е победник на турнирот во Нант!

316

Младите ракометари на РК Алкалоид, односно екипата до 16. години е победник на меѓународниот турнир во Нант. Се разбира дека ова е фантастичен успех за овој тим.

Во финалето РК Алкалоид го победи тимот на Хихон со 27:26 и го освои победничкиот пехар.

Алкалоид беше доминантен од почетокот и поведе 6-1, 7-2 и постојано во првиот дел го контролираше резултатот во рамки на 4-6 гола разлика. Противничкиот голман беше најдобриот во тимот на Хихон и го спаси својот тим од двоцифрена негатива уште по првиот дел. 
На полувреме резултатот беше 17-12 за Алкалоид. 

Со пет гола предност Алкалоид влезе во решавачкото полувреме на турнирот.
По 13 минути, Хихон намали на 23-24, а веднаш потоа од контра напад и успеа да израмни шпанската екипа (24-24). Не им одеше ништо од рака на скопските ракометари и загубија уште една топка и противникот од контра напад прв пат на натпреварот поведе 25-24. 
Тренерот Влатко Котески со тајм аут се обиде да го врати назад во игра својот тим. Следеше израмнување и зицер за водство, но противничкиот голман одбрани шут од чиста позиција.
Алкалоид одново „заводе“ 27-25, но Хихон намали. Со мала судиска помош Шпанците останаа во игра до самиот крај, но не успеаја да погодат и Алкалоид победи 27-26 и го освои турнирот!

ПретходноПолувреме: Работнички убедлив, Шкендија остана со играч помалку, шампионот води, мирно е во Штип!
СледноВест Хем со три бода кај Астон Вила, Њукасл се спаси во 90.минута! (ВИДЕО)