Вечерва во 21 часот се игра големото дерби во ХНЛ меѓу Осијек и Хајдук, едни од најголемите клубови во Хрватска. Сепак сеуште не се знае дали Марко Ливаја, главната ѕвезда на сплитските “били“ ќе игра на овој меч, иако тој е во Осијек во карантин како и сите останати играчи на Хајдук.
Не се знае дали ќе настапи поради фактот дека тој рано изуринава, додека бил во карантин, ја дознал трагичната вест дека неговиот татко загинал ноќеска во сообраќајна несреќа.
Загинатиот Милан Ливаја (56), возел мотор при што директно се удрил во неколку автомобили во близина на Каштел Шуќурац, при што на лице место го загубил животот во трагичната несреќа.