Шок за Севиља и во Алмерија – го има најлошиот старт по сезоната 1981/82

130

Екипата на Севиља и по три кола во шпанската Ла Лига не знае за победа. Една од екипите која цели на висок пласман доживеа пораз на гостувањето кај Алмерија. По поразот од Осасуна во 1. коло, потоа ремито со Ваљадолид, сега андалузиската екипа остана без бодови против Алмерија. Со тоа екипата го има најлошиот старт (по три кола) после сезоната 1981/82.
Севиља дојде во водство со голот на Оливер Торес во 30. минута, но пред крајот на првото полувреме изедначи Рамазани. Во 55. минута поранешниот напаѓач на Партизан Умар Садик постигна гол и со пораз ги испрати гостите .
Алмерија ја впиша првата победа и има четири бода по три меча.

ПретходноНоќ за паметење: Koшаркарите на БиХ ја урнаа моќната Франција
СледноЕтеми прецизен како снајпер – спектакуларен гол на репрезентативецот (видео)