Јан Зомер урна бундеслигашки рекорд – волку одбрани не прават ни ракометни голмани (видео)

194

Голманот на Борусија Менхенгладбах Јан Зомер го урна бундеслигашкиот рекорд по број на одбрани на еден натпревар. Менхенгладбах одигра 1:1 на гости кај Баерн, а „Баварците“ имаа вкупно 35 удари на гол (19 во рамки на гол). Зомер имаше 19 одбрани што е нов рекорд.
Со тоа 33-годишниот Швајцарец го урна претходниот рекорд на Александар Шволов кој во јануари 2022 година имаше 14 одбрани за Херта на мечот со Баерн.

ПретходноНагелсман: Го одигравме најдобриот меч, а судијата расипа сè
СледноАргентински стопер во редовите на Академија Пандев