Конечно победа на Работнички во новата сезона, деби – победа на стратегот Љупчо Марковски – Калц. Денеска на ФФМ клубот од Градски парк одигра навистина во рамките на своето реноме, го победи Тиквеш со 2:0.
По мечот за “Спортмедиа“ свое видување имаш токму Марковски:
„Секако дека сум среќен и задоволен, конечно напорната работа дојде до израз. Реални ние и со Струга ТЛ не требаше да загубиме, но сепак најважно е што тргна. Секако дека со новите играчи, со засилувањата, со враќањето на Алими, Велкоски сега сме некој друг тим кој од меч во меч може и треба само да напредува. Да кажам дека според играта денеска ние Тиквеш требаше да го победиме и поубедливо, но сепак трите бода се најважни. Едноставно денеска Работнички покажа како треба“ истакна Калц.