Гол-спектакл во Бремен: Ајнтрахт, конечно, победи во новата сезона (ВИДЕО)

54

Спектакл со седум гола и прва победа сезонава за Ајнтрахт Франкфурт во последниот меч од неделното коло во Бундеслигата. Освојувачот на Лигата на Европа славеше со 4:3 на гостувањето кај Вердер во меч со многу голови и пресврти.

На 48-от роденден на тренерот Оливер Гласнер, Геце го отвори патот за прва победа на Ајнтрахт во новата сезона, со својот прв гол во Бундеслигата по 982 дена. Осум дена по сензационалниот триумф во последната минута кај Борусија Дортмунд (3-2), Вердер продолжи сп лудите резултати, но овој пат на своја штета.

Головите за гостите беа дело на Геце, Муани, Сов и Линдстром, додека за домаќините погодија Јунг, Битенкурт и Филкруг.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноХари Кејн со два гола за нова победа на Тотенхем (ВИДЕО)
СледноПОЛУВРЕМЕ: Македонија губи со шест разлика од Словачка