На ППД Загреб не му беше доволен одличниот Дибиров!

766

ППД Загреб не успеа да го освои трофејот на ТВ турнирот на шампионите во Добој. Во финалето хрватскиот шампион беше совладан со Ал Ахли од Египет со 28-27 (13-9).

Избраниците на Ивица Обрван одиграа слабо во првото полувреме во кое имаа негатива од четири гола. ППД Загреб не успеа да профитира ниту од одличната игра на Тимур Дибиров кој мечот го заврши со осум гола.

На оваа средба, Обрван на располагање немаше дел од стандардните играчи, како Борозан, Мандиќ…

Следен предизвик за ППД Загреб е фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига, во полуфиналето ќе ги одмери силите со Нексе.

ПретходноБобан Николов е прв пик на Мрме за Горица!
СледноУбедлива победа на Алкалоид против Динамо Панчево!