Норвешка со две победи го заврши првиот претквалификациски прозорец за место на Европското првенство 2025 година. Оваа селекција која ќе биде противник на Македонија во вториот циклус на домашен терен ја совлада Данска со убедливи 99-75.
Со ова норвешките кошаркари испратија порака до Македонија во ноември добро да се подготви доколку сака да слави на домашен терен.
Мечот беше решен по една четвртина која Норвешка ја доби со 34-21, до крајот без проблем го приведе дуелот. Фреј и на оваа средба беше број еден, постигна 27 поени.