Погледнете ја новата луда тројка на Димитријевиќ (ВИДЕО)

740

Ненад Димитријевиќ се врати во дресот на македонската репрезентација во вистинско време. На дело покажа зошто во моментов е најдобриот кошаркар во „црвено-жолтиот“ дрес, беше лидер против Данска погоди тројка со звукот на сирената за голема радост, а вечерва заедно со Андреј Јакимовски беа креатори на кам-бекот во последната четвртина.

Ниту на дуелот против Словачка не изостанаа „специјалитетите“ на Нено од линијата за три поени. При негатива од 63-68 погоди нова луда тројка и го отвори патот на Македонија кон победата.

Димитријевиќ на крајот мечот го заврши со 20 поени и 7 асистенции. Имаше три тројки, од кои едната е вистинско ремек дело.

 

ПретходноСе е полесно со Левандовски: Барселона запиша нова победа (ВИДЕО)
СледноГо „искршија“ голот, ама гол не дадоа: Меси во едниот, Мбапе во другиот дирек од голот на Монако (ВИДЕО)