Робев: Не очекувам ништо друго освен триумф!

346

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ќе има шанса да влезе во победнички ритам, нешто што одамна немаме видено во изминатите месеци. По стартниот триумф против Данска на гости, денеска „црвено-жолтите“ играат против Словачка во „Кале“.

Во редовите на нашиот национален тим владее позитивна атмосфера, самодовербата е вратена.

„Не очекувам ништо друго освен триумф против Словачка. Се работи за ривал со кој игравме во минатиот циклус, првиот меч бевме подобри, а во вториот нè победија, но ние бевме веќе пласирани во следната фаза. На повеќето од играчите ривалот ни е познат. Мислам дека порати тоа ќе ни биде полесно, за договорите како да напаѓаме и да се браниме. Се надевам на добар исход“, изјави Дамјан Робев. 

Мечот меѓу Македонија и Словачка е закажан со почеток во 19 часот, влезот за оваа средба е слободен.

ПретходноБританецот “леташе“: Хамилтон и Алонсо како во старите добри времиња! (ВИДЕО)
СледноЕрера си замина од ПСЖ и се врати во Атлетик Билбао