По ремито на Хапоел на отварањето на турнирот „Трофеј Нови Белград“, кој се одржува во главниот град на Србија, Алкалоид дојде до победа. Избраниците на Кирил Лазаров го совладаа Динамо Панчево со 35-29 (16-16).
До триумфот македонскиот тим дојде благодарение на добрата игра во второто полувреме. По првите 30 минути беше 16-16.
Кофилоски со седум гола беше прв стрелец, Младеновиќ имаше шест, додека Митев запиша летири гола.
Последниот дуел на овој турнир Алкалоид го игра утре против Партизан.