Тотенхем предводен од неверојатниот Хари Кејн ја прокнижи и третата сезонаска победа во Премиерлигата откако попладнево со 2:0 славеше на гостувањето кај Нотингем Форст. Новајлијата во елитата може да помине и полошо, ако Кејн успееше да реализира и удар од белета точка.
Момците на Антонио Конте почнаа одлично и со голот број 1 на Хари Кејн во 5. минута поведоа со 1:0. Со овој резултат се отиде на пауза, а на почетокот на вториот дел по намерна игра со рака во сопствениот шеснаесетник на домашниот дефанзивец Кук, судијата покажа на белата точка, но Кејн не успеа да ја искористи најстрогата казна за удвојување на предноста.
Одлуката падна во една одлична асистенција на Ришарлисон во 81. минута, кога Кејн непречен од никого со глава ја смести топката во голот на домашните и ги постави конечните 0:2.