Шампионот ја „освои“ Спа: А кој друг ако не Макс Ферстапен!

110

Продолжува доминацијата на Макс Ферстапен со својот болид Ред Бул во Формула 1. Попладнево на трката на легендарната патека Спа – Франкошамп за ГН на Белгија, светскиот првак во нему својствен стил успеа да заврши како прв. Иако не стартуваше од првите позиции, сепак Холанѓанецот на 14 трка оваа сезона успеа да победи.

Втор трката ја заврши Серхио Перез, исто така на Ред Бул, што значи дека оваа трка Ред Бул дојде до еден – два победа, на радост на сите нивни фанови.

Трет заврши Карлос Саинц на Ферари, потоа следуваат Расел, па Леклер…

ПретходноДосие Миовски: Во Македонија не му веруваа, а сега е “БОМБАРДЕР“ бр.1 во Шкотска!
СледноКаков ден во Талин, две сениорски злата на Г2 турнир!