Билбао екстра на гостувањето кај Кадиз

76

Со високи и убедливи 0:4 тимот на Атлетик Билбао славеше на гостувањето кај Кадиз.

Инаки Вилијамс ја отвори серијата голови во 24. минута, а десетина минути потоа промаши пенал за двојно водство. Гурузета во вториот дел, зголеми на 0:2, за да потоа, Беренгуер погоди за 0:3.

Гурузета ја заврши серијата со 0:4. Билбао има по три кола седум бодови, откако има две победи и една нерешени. Кадиз е со три порази е закован на дното на табелата со нула бодови.

 

ПретходноЛукас Пакета претставен во Вест Хем
СледноТрет пораз, овојпат од Грција