Бугаринот кој играше допингуван против Македонија ЃП се соочува со суспензија од 4 години!

164

Ѓорѓи Јомов, фудбалерот на ЦСКА Софија, кој играше допингуван против Македонија ЃП во меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции се соочува со суспензија од четири години.

Имено како што денеска пишуваат медиумите во Бугарија, во урината на Јомов била пронајден метаболит на тестостерон кој бил анаболичен стероид. Тој веднаш е суспендиран на три месеци а сега треба да даде исказ пред надлежните во УЕФА. Секако дека од тоа ќе зависи висината на казната, но се вели дека минорни се шансите Јомов да добие поинаква казна од четиригодишна суспензија.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ “ОЛИВЕР СОКОЛОВ – СОКОЛ”
СледноСудии за ПМФЛ: Качевски ќе суди во Кавадарци, Стојчевски во Ѓорче