Дали Австриецот од РБ Лајпциг ќе биде изборот на Клоп за засилување во средниот ред?

141

Јирген Клоп призна дека погрешил што мислел дека не му требаат повеќе засилувања, особено по една долга листа на повредени фудбалери со кои се соочи на стартот на новата сезона.

Оттогаш Ливерпул е во интензивна потрага по ново име во средниот ред, а дел од последните информации велат дека во моментов најсериозна опција за играта во средината на „црвените“ е Конрад Лајмер од РБ Лајпциг.

Австриецот долго време е мета на Баерн (М), но „биковите“ ги одбија сите понуди на германскиот шампион за австрискиот репрезентативец. 25-годишниот Австриец влезе во последната година од договорот, поради што е достапен за сума од околу 28 до 30 милиони евра.

ПретходноИзов го објави списокот за дуелите со Летонија и Австрија
СледноКугларите новата сезона ја почнуваат на 10 септември со 9 екипи