Екстра засилување: “Лавовите“ го претставија Ѓорѓи Стоилов! (ФОТО)

558

Големо, екстра засилување во редовите на Македонија ЃП. Од денеска и официјално нов член на „лавовите“ е Ѓорѓи Стоилов, довчерашниот фудбалер на Шкупи и еден од најдобрите играчи за врска во ПМФЛ.

Откако Стоилов се раздели со шамшионот, неговото име се поврзуваше со враќање во А. Пандев, имаше и преговори и разговори, но сепак тој се одлучи да ја прифати понудата и да дојде во Ѓорче.

Се разбира дека на Македонија ЃП по заминувањето на Сефер Емини во Данска и требаше таков профил на квалитетен играч во средниот ред.

Инаку Стоилов има 27 години, досега играл за Хоризонт Турново, потоа за А. Пандев, играше кусо и во Зира (Азербејџан) како и во Шкупи.

Можно е да е слика од 1 лице, стоење и трева

Можно е да е слика од 1 лице, играње американски фудбал, стоење и трева

ПретходноСудиска анализа за ПМФЛ и ВМФЛ: Судиите добро си ја одработиле својата работа
СледноТрансфер во Грција: Ашковски се договори со Ламиа!