Словенија го објави конечниот список за одбрана на европскиот трон!

211

Бранителот на европскиот трон, Словенија го потврди ростерот со кој ќе настапи на континенталното натпреварување кое стартува на 5. септември. Лидер во редовите на оваа репрезентација ќе биде Лука Дончиќ, кој е еден од осумте играчи кои настапија на ЕП 2017 година кога Словенија го освои првиот златен медал. Во составот на оваа земја ќе биде Горан Драгиќ, кој одлучи да ја одложи пензијата за да му помогне на националниот тим.

Јака Блажиќ, Влатко Цанчар, Жига Димец, Едо Муриќ, Алексеј Николиќ и Клемен Препелиќ исто така се враќаат за да помогнат во обидот да станат шампиони.

Словенија одбраната на титулата ја почнува против Литванија, ќе игра уште против Франција, Германија и Босна и Херцеговина во групата Б.

 

ПретходноВонреден состанок во Јуве по објавеното видео во кое се гледа како Недвед лудува со полуголи девојки! (ВИДЕО)
СледноБензема ова го чекаше 13 години… (ВИДЕО)