По трансферот на Ентони од Ајакс за околу 100 милиони евра, Манчестер Јунајтед продолжува да го засилува тимот. Нов играч на „Црвените ѓаволи“ ќе биде голманот Мартин Дубравка кој ќе дојде како позајмен од Њукасл, открива спортскиот новинар Фабрицио Романо, кој е специјалист за трансфери, a веста ја пренесоа и угледните англиски медиуми.
Двете страни се договориле, а останува уште фудбалерот да дојде на „Олд Трафорд“ и да потпише договор. Инаку Јунајтед доколку биде задоволен од фудбалерот, летото 2023 година ќе може да го откупи за пет милиони фунти.
Manchester United are now pushing to make Martin Dubravka their next signing: Newcastle expected to answer today after official loan bid submitted with £5m buy option included. 🚨🔴 #MUFC
Dubravka agreed personal terms – he has asked NUFC board to leave as he dreams of Man Utd. pic.twitter.com/Tb973AgKej
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 29, 2022